За да направите список со клучни зборови, првин кликнете на копчето Клучни зборови (KeyWords) на главната Командна табла (Controller).
Кога ќе се отвори Клучни зборови (KeyWords), кликнете на менито Документ (File), па на Нов (New) и ќе ви се прикаже нешто вакво.
Мора да изберете список со зборови кој е создаден и зачуван со WordSmith Tools.
Документите со список на зборови ги избирате со кликнување на ова копче:
Се претпоставува дека референтниот список на зборови од корпусот е голем, со што WordSmith полесно ќе сфати што е необично во врска со избраниот текст или текстови.
Откако горе сте избрале список со зборови и долу сте избрале уште еден референтен список, кликнете на Создади список со клучни зборови сега (Make a keyword list now). (Сè додека не кликнете, копчето ќе биде недостапно.)
Тогаш ќе ви се прикаже нешто слично на ова:
Page url: http://www.lexically.net/wordsmith/step_by_step_Macedonian/?makingakeywordlist.htm