Ова се колокатите на ПРЕД (AGO) добиени со помош на пишаниот дел на BNC (Британски национален корпус), подредени по застапеност.
Има приближно 17.000 примери на ПРЕД (AGO), и ГОДИНИ (YEARS) е најчестиот колокат, што се јавува 9.000 пати близу до ПРЕД (AGO). Колоната "Однос" е празна и во моментов колоните можат да се подредат само по застапеност или зборовите да се подредат по азбучен ред. Треба некако да дознаеме колку секој од овие колокати на ПОРАНО (AGO) се поврзани со него. Дали се неопределен член (A), определен член (THE), БЕШЕ (WAS) итн. навистина тесно поврзани со ПОРАНО (AGO)?
Ако сега избереме Пресметај (Compute) | Заемни информации (Mutual Information) од менито,
и ако избереме соодветен список зборови што ќе го употребиме за споредба:
тогаш го добиваме следниов список кога ќе кликнеме на колоната Однос:
Сега од првите зборови во списокот многу подобро се гледа дека со ПОРАНО често одат временски периоди и броеви. [Најчестиот колокат (ХЕНСЛИ(HENSLEY)) се јавува само 5 пати со ПОРАНО (AGO) (од вкупно 17 пати во целиот пишан BNC).]
Page url: http://www.lexically.net/wordsmith/step_by_step_Macedonian/?collocatesandmutualinformation.htm